МВР на Турција: Во април се неутрализирани 115 терористи од кои и 8 високо рангирани

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Исмаил Чатакли соопшти дека  во реализираните операции во месец април се неутрализирани вкупно 115 терористи меѓу кои се наоѓаат и 8 високо рангирани терористи

1633541
МВР на Турција: Во април се неутрализирани 115 терористи од кои и 8 високо рангирани

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Исмаил Чатакли на одржаниот „Месечен состанок за информирање на печатот“ соопшти дека  во реализираните операции во месец април се неутрализирани вкупно 115 терористи меѓу кои се наоѓаат и 8 високо рангирани терористи.

Чатакли информира дека во рамките на операциите за воспоставување на внатрешната безбедност во земјата во месец април 2021 година се реализирани 9.341 рурална операција  од кои 9 од голем и 35 среден обем и 1.418 операции против терористичките ќелии и соучесниците на терористичките операции кои делуваат во градовите.

„Во месец април се неутрализирани вкупно 115 терористи меѓу кои и 8 високо рангирани терористи, од кои 16 се убиени, двајца се фатени ранети, 72 живи и 25 се предадоа. Од неутрализираните терористи 66 се припадници на ПКК/КЏК, а 49 на ДЕАШ.

Освен тоа, се притворени 2.527 осомничени лица за кои се проценува дека им пружале помош/засолниште на терористичките организации, а од кои 448 лица се уапсени.“ - рече портпаролот на Министерството за внатрешни работи Исмаил Чатакли.

 

 



Слични вести