Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со турските војници во Либија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој отпатува во посета на Либија се состана со турските војници на задача во оваа земја

1633587
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со турските војници во Либија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер во Либија кадешто отпатува во официјална посета се состана со турските војници Мехметчик кои се наоѓаат на задача во оваа земја.

На програмата присуствуваа и началникот на Генералштабот на Либија Мухаммед ал-Хадид, командантот на западниот регион генерал мајор Усаме Џувејли и командантот на регионот на Триполи генерал мајор Абдулбаки Мерван.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар овде им се обрати на турските војници. 

Велејќи дека Либија им припаѓа на Либијците и дека Турција е на страната на единствена Либија, министерот Акар рече: „Сувереноста и независноста на Либија се значајни. Тогаш кога ние дојдовме овде имаше одредени тешкотии. За надминување на овие тешкотии ги вложивме сите видови обиди, направивме се што можевме деноноќно на копно, море и во воздух. Со вложените напори е дојдено до оваа точка. Во точката до која сме дојдени се добиени значајни резултати. Ние сме пријатели во црни (тешки) а не само во добри денови. Нашите либиски браќа ги продолжуваат своите работи рамо до рамо заедно со Турција, за организирање и модернизирање на вооружените сили овде.“

Акар истакна дека власта во Либија е кај Владата на национално единство на чело со премиерот Абдулхамид Дибејбе и дека оваа влада треба да се поддржува, а воедно појасни дека ќе се вложат напори за продолжување на спокојството во Либија до одржување на изборите закажани за декември оваа година.

Привлекувајќи внимание дека присуството на Турција во Либија е од животно значење и од аспект на одбраната на правата и интересите во Источниот Медитеран, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Во склопот на договорот за морска надлежност со Либија ги продолжуваме нашите активности во Источниот Медитеран. Иницијативите на Грција за доведување на овој договор во неважечка состојба се залудни. Ние сме на страната на решавање на проблемите по пат на право, добрососедство, дијалог, мирољубиви методи.“

 



Слични вести