Мевлут Чавушоглу во Триполи се состана со својата либиска колешка Неџла ал-Мангуш

По билатералните разговори, двајцата министри за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и Неџла ал-Мангуш одржаа заедничка прес-конференција

1633216
Мевлут Чавушоглу во Триполи се состана со својата либиска колешка Неџла ал-Мангуш
Dışişleri Bakanı Çavuşoğlu Libya Dışişleri Bakanı Necla Manguş.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град на Либија, Триполи кадешто замина во еднодневна официјална посета се состана со својата либиската министерка за надворешни работи Неџла ал-Мангуш.

По билатералните разговори, двајцата шефови на дипломатии Чавушоглу и Мангуш одржаа заедничка прес-конференција.

Овде министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција им придава значење на зачувувањето на интегритетот, сувереноста, независноста и политичкото единство на Либија.

Чавушоглу нагласи дека целта на оваа остварена посета со силна многучлена делегација е уште еднаш да се повтори поддршката на Турција на братска Либија, Претседателскиот совет и Владата на национално единство.

Велејќи „Како Турција секогаш ги прифативме како наш принцип и им придаваме значење на зачувувањето на интегритетот, сувереноста, независноста и политичкото единство на Либија“, Чавушоглу нагласи дека Турција вложува интензивни напори за траен мир, стабилност и просперитет.

Мевлут Чавушоглу појасни дека со својата либиска колешка Мангуш разговараа и за договорот за сферите на надлежност во морето помеѓу двете земји и чекорите коишто ќе бидат преземени во иднина.

„Ќе продолжиме да бидеме покрај нашите либиски браќа во добри и во лоши денови, и во наредните денови ќе ги интензивираме нашите контакти.“ - порача министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Либиската министерка за надворешни работи Неџла ал-Мангуш истакна дека Турција стои покрај Либијците во текот на последниот процес и дава исклучителна поддршка, во врска со што и се заблагодари на Турција.

Мангуш рече дека упатуваат повик за соработка до Турција за ставање крај на присуството на сите странски сили и платеници на териториите на Либија.

Либиската министерка за надворешни работи Неџла ал-Мангуш додаде дека исто така посакуваат да ги развијат и економските односи во контекст на легитимните интереси на двете земји.

 



Слични вести