Мевлут Чавушоглу во Љубљана се состана со својот словенечки колега Анзе Логар

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Љубљана се состана со својот словенечки колега Анзе Логар, а се очекува да биде примен и кај претседателот Борут Пахор и премиерот Јанез Јанша

1633761
Мевлут Чавушоглу во Љубљана се состана со својот словенечки колега Анзе Логар
Dışişleri Bakanı Mevlüt Çavuşoğlu Slovenya Dışişleri Bakanı Anze Logar Görüşmeler.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ги продолжува своите средби и разговори во Словенија, идниот претседавач на Европската унија (ЕУ).

Чавушоглу во Љубљана се состана со својот словенечки колега Анзе Логар.

На, средбата беше разговарано за бројни билатерални и регионални прашања.

Двајцата министри за надворешни работи, Чавушоглу и Логар, по остварената средба лице в лице и меѓуделегациските разговори, одржаа заедничка прес-конференција.

Мевлут Чавушоглу нагласи дека разговорите поминаа доста продуктивно и дека кај некои земји членки на Европската унија (ЕУ) почнаа да се појавуваат проблеми во сферата на човековите права во чии рамки се во подем исламофобичните и антисемитските напади.

„Со нив треба да водиме заедничка борба.“ - рече Чавушоглу.

Словенечкиот министер за надворешни работи Анзе Логар истакна дека од страна на Чавушоглу е информиран во врска со неговите остварени разговори со Либија и ситуацијата во Авганистан.

Логар рече: „Тоа беше крајно драгоцено за нас. Освен тоа, ажурирањето на договорот за миграција ќе биде едниот од важните членови за Словенија за време на нејзиното претседателствување со Европската унија (ЕУ).“

Анзе Логар подвлече дека е постигната согласност во точката на уште повеќе интензивирање на взаемните односи.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори во Љубљана се состана и со муфтијата на Мешихатот на исламската верска заедница (ИВЗ) на Словенија Неџад Грабус.

Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната медија во врска со средбата со Грабус го напиша следното: „Ги доставивме нашите честитки за изградбата на првата џамија во Љубљана и ставањето во примена на Исламскиот културен центар.“

Мевлут Чавушоглу му се зблагодари на муфтијата Неџад Грабус кој ќе ја напушти оваа негова должност, за неговото лидерство и услугите.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори во Љубљана се очекува да биде примен и кај словенечкиот претседател Борут Пахор и премиерот Јанез Јанша.

На сиве овие средби освен за билатералните односи помеѓу Турција и Словенија со сите нивни димензии, се очекува да бидат разгледани и процесот на зачленување на Турција во Европската унија (ЕУ) и актуелни регионални и меѓународни случувања.

 



Слични вести