Во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ се уништени засолништа, оружје и муниција на терористите

Турските вооружени сили (ТВС) во рамките на операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ во областите Метина и Авашин-Басјан на северот на Ирак, продолжуваат со уништување на оружјето и муницијата, како и со чистење на поставените рачни експлозиви на терористите

1633266
Во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ се уништени засолништа, оружје и муниција на терористите

Министерството за национална одбрана (МНО) соопшти дека во рамките на прекуграничните операции „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ коишто продолжуваат во сверниот дел на Ирак, се уништени засолништа и муниција коишто се користат од страна на терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството, Турските вооружени сили (ТВС) во рамките на операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ коишто се започнати во областите Метина и Авашин-Басјан на северот на Ирак, продолжуваат со уништување на оружјето и муницијата, како и со чистење на поставените експлозивни направи од рачна изработка од страна на терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Утврдените засолништа и муниција во оперативните подрачја се уништени од страна на тимовите за утврдување и уништување на рачно изработените експлозивни направи (МЕТИ).



Слични вести