Висока турска делегација на чело со министрите Чавушоглу и Акар во посета на Либија

За време на посетата, се очекува да бидат разгледани билатералните односи и да бидат разменети мислења во однос на регионални прашања

1633115
Висока турска делегација на чело со министрите Чавушоглу и Акар во посета на Либија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за нацонална одбрана Хулуси Акар, началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан, заминаа во посета на главниот град на Либија, Триполи.

За време на посетата, се очекува да бидат разгледани билатералните односи и да бидат разменети мислења во однос на регионални прашања.

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, во врска со остварувањето на оваа изненадна посета, го напиша следното: „Се наоѓаме во Триполи за да ја покажеме нашата поддршка на Либија, да го развиеме нашето стратешко партнерство и да разговараме за нашите билатерални односи.“



Слични вести