Турскиот заменик-министер за надворешни работи Онал во посета на Каиро

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на 12 март објави дека „започнале дипломатски контакти“ со Египет.

1633073
Турскиот заменик-министер за надворешни работи Онал во посета на Каиро

 

Како дел од иницијативите за нормализација меѓу Турција и Египет, делегација од Турција престојува во посета на Египет.

Делегација предводена од заменик-министерот за надворешни работи Седат Енал отпатува за Каиро.

Во Каиро се очекува да се одржат средби меѓу претставниците на администрацијата на претседателот Абдел Фатах ал-Сиси и турската делегација.

Турција и Египет ги засилија своите обиди за нормализирање на односите.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на 12 март објави дека „започнале дипломатски контакти“ со Египет.

Чавушоглу на 10 април имаше средба со неговиот египетски колега Семих Шукри со цел да му го честита месецот на Рамазан.



Слични вести