Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Триполи се состана со либискиот началник Ал Хадад

Министерот за нацонална одбрана Хулуси Акар се состана со началникот на Генералштабот на Либија генерал на армија Мухамед ал-Хадад

1633127
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во Триполи се состана со либискиот началник Ал Хадад

Висока турска делегација составена од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за нацонална одбрана Хулуси Акар, началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и шефот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан, престојува во посета на главниот град на Либија, Триполи.

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, во врска со остварувањето на оваа изненадна посета, го напиша следното: „Се наоѓаме во Триполи за да ја покажеме нашата поддршка на Либија, да го развиеме нашето стратешко партнерство и да разговараме за нашите билатерални односи.“

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана пак, се истакнува дека министерот Хулуси Акар на аеродромот Митига во Триполи беше пречекан од страна на амбасадорот на Турција во Триполи Кенан Јилмаз по што заедно со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер ја посети Командата на групата на задача во Либија.

Овде, министерот Акар беше пречекан од страна на началникот на Генералштабот на Либија генерал на армија Мухамед ал-Хадад, командантот на западниот регион генерал мајор Усаме Џувејли и командантот на регионот на Триполи генерал мајор Абдулбаки Мерван.

Министерот за нацонална одбрана Хулуси Акар се состана со началникот на Генералштабот на Либија генерал на армија Мухамед ал-Хадад.

 



Слични вести