Кај Дијарбакир се неутрализирани тројца барани терористи од црвена, портокалова и сива категорија

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 29 април во руралното подрачје на населеното место кај градот Дијарбакир се неутрализирани 6 терористи од кои тројца барани терористи од кататегориите означени со црвена, портокалова и сива боја

1632997
Кај Дијарбакир се неутрализирани тројца барани терористи од црвена, портокалова и сива категорија

Како што е установено на 29 април во руралното подрачје на населеното место кај градот Дијарбакир се неутрализирани 6 терористи од кои тројца барани терористи од кататегориите означени со црвена, портокалова и сива боја.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, од тројцата неутрализирани барани терористи терориститката по име Суна Таш се приклучила кон терористичката организација во 2011 година од Дијарбакир и се наоѓала во списокот на барани терористи во категоријата означена со црвена боја со награда од 10 милиони турски лири (приближно 1,2 милиони долари).

Терористката по име Латифе Ханиби која делувала како „одговорна за жени во областа Лиџе во т.н. т.н. провинција Амед“ се наоѓала во списокот на барани терористи во категоријата означена со портокалова боја со награда од 1 милион турски лири (приближно 120,5 илјади долари).

Терористката Дилан Силинсин која делувала како „одговорна за областа Лиџе т.н. провинција Амед“ се наоѓала во списокот на барани терористи во категоријата означена со сива боја со награда од 600 илјади турски лири (приближно 72,3 илјади долари). 

Како што е установено, наведените тројца неутрализирани терористи биле планирачи на терористичките акции во подрачјето на градот Дијарбакир.



Слични вести