Чавушоглу, Акар и делегацијата во нивна придружба примени кај либискиот премиер Дибејбе

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Триполи се состана со либискиот премиер Абдулхамид Дибејбе и со либиската министерка за надворешни работи Неџла ал-Мангуш

1633169
Чавушоглу, Акар и делегацијата во нивна придружба примени кај либискиот премиер Дибејбе
Libya.jpg
Dışişleri Bakanı Mevlüt Çavuşoğlu Libya Dışişleri Bakanı Necla Manguş.jpg
Dışişleri Bakanı Çavuşoğlu Libya Dışişleri Bakanı Necla Manguş.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар и делегацијата во нивна придружба во Триполи беа примени кај либискиот премиер Абдулхамид Дибејбе.

Чавушоглу остварената средба со либискиот премиер Абдулхамид Дибејбе во Триполи ја соопшти со споделена објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, кадешто го напиша следното: „Ја нагласивме поддршката на нашата земја на Владата на национално единство.“

Велејќи дека на средбата истовремено беше разгледано следењето на прашањата во Советот за стратешка соработка на високо ниво, Чавушоглу појасни дека турските фирми враќајќи се во Либија ќе придонесат за развојот на земјата.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по остварените средби одржа заедничка прес-конференција со либиската министерка за надворешни работи Неџла ал-Мангуш.

Во говорот што го одржа овде,  Чавушоглу рече: „Им придаваме значење на зачувувањето на единството, сувереноста, независноста и политичкото единство на Либија.“

 



Слични вести