Во операцијата „Шепа-Гром“ на северот на Ирак загина еден турски војник

Министерството за национална одбрана соопшти дека во извршен ракетен напад од страна на терористичката организација на една база во подрачјето на „Шепа-Гром“ (Pençe-Yıldırım) стана шехид (загина) еден турски војник

1632265
Во операцијата „Шепа-Гром“ на северот на Ирак загина еден турски војник

Во операцијата „Шепа-Гром“ (Pençe-Yıldırım) којашто се реализира против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, стана шехид (загина) еден турски војник.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во  извршен ракетен напад од страна на терористичката организација на една база во подрачјето на „Шепа-Гром“ (Pençe-Yıldırım) стана шехид (загина) еден турски војник.

Во соопштението се вели следното: „На нашиот честит шехид кој го загуби својот живот во овој настан којшто не облеа во длабока болка и жалост, му посакуваме милост од Аллах, на неговото ожалостено семејство, на Турските вооружени сили (ТВС) и на нашиот племенит народ им посакуваме трпение.“

 



Слични вести