Фахреттин Алтун испрати порака со честитка по повод формирањето на ТРТ

Фахреттин Алтун истакна дека Турската радио и телевизија (ТРТ) со меѓународните емисии коишто ги реализира на различни јазици ја раскажува силата на нашата земја и го прочујува гласот на нашиот народ низ целиот свет

1632157
Фахреттин Алтун испрати порака со честитка по повод формирањето на ТРТ

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун по повод денот на формирање на Турската радио и телевизија (ТРТ) испрати порака до генералниот директор и претседател на Управниот одбор на ТРТ Ибрахим Ерен. 

Алтун истакна дека Турската радио и телевизија (ТРТ) со меѓународните емисии коишто ги реализира на различни јазици ја раскажува силата на нашата земја и го прочујува гласот на нашиот народ низ целиот свет.

Велејќи дека ТРТ со сфаќање со коешто во центарот на сите сфери се поставува човекот фрла потпис на програми коишто привлекуваат внимание, Алтун рече: „ТРТ, својот успех во доверливото информирање (новинарство) го зацврстува со канали за култура, уметност, спорт, образование и деца, а воедно и со меѓународните емисии коишто ги реализира на различни јазици ја раскажува силата на нашата земја и го прочујува гласот на нашиот народ низ целиот свет.“

„Како Оддел за комуникации на претседателството ние со сите наши можности ќе продолжиме да ја поддржуваме ТРТ за која верувам дека со инвестирањата коишто ги реализира во правец на визијата за меѓународно влијание и дигитализација ќе стане светски бренд.“



Слични вести