Фахреттин Алтун: Единственото решение на Кипар е постоењето на две еднакви и суверени држави

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун истакна дека единственото решение на Кипар е постоењето на две еднакви и суверени држави

1632257
Фахреттин Алтун: Единственото решение на Кипар е постоењето на две еднакви и суверени држави

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун сподели објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер во која истакна дека единственото решение на Кипар е постоењето на две еднакви и суверени држави.

Нагласувајќи дека Кипарскиот проблем којшто не може да се реши со години со силната волја што ја презентира Турција се дискутира на поправичен начин на меѓународна арена, Алтун ја изнесе следната констатација: „Кипарскиот проблем не може да се реши со сметање за ништовно (негирање) на турското присуство на островот. Единственото решение на Кипар е постоењето на две и суверени држави.“

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун во објавата сподели и видео во кое се раскажува за преговорите за Кипарскиот проблем коишто се одржани од минатиот период до денеска и кои останаа без резултат, како и за улогата на Република Турција во Кипарското прашање, подготвено од страна на Одделот за комуникации на претседателството.



Слични вести