Претседателот Ердоган објави порака по повод 1 мај - Денот на трудот и солидарноста

Претседателот Ердоган објави порака по повод 1 мај - Денот на трудот и солидарноста во која истакна дека ќе продолжат да работат за издигнување на нивото на просперитетот на секој граѓанин и за зголемување на вработувањето во Турција

1631709
Претседателот Ердоган објави порака по повод 1 мај - Денот на трудот и солидарноста

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод 1 мај - Денот на трудот и солидарноста.

Претседателот Ердоган во пораката истакна дека ќе продолжат да работат за издигнување на нивото на просперитетот на секој граѓанин и за зголемување на вработувањето во Турција која расте и зајакнува.

Велејќи „Им го честитам 1 мај - Денот на трудот и солидарноста на моите браќа работници кои работат со пот, а со тоа ја издигнуваат и нашата земја“, Ердоган појасни дека со свеста дека едниот од елементите граѓаните да би можеле да гледаат со доверба и надеж кон иднината е воспоставувањето на правдата по прашањето на трудот во секоја фаза од политиката за економски развој што ја применуваат и дека досега делуваат фокусирани на човекот  и се залагаат за надгледување на правата и интересите на работниците.

Тој нагласи дека презедоа и ќе продолжат да преземаат многу значајни чекори во точката да бидат подобрени условите на сите работници, да се обезбеди да ги добиваат најдобрите плати што ги заслужуваат и да се создаде праведна работна средина.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата порака го истакна следното: „Ќе продолжиме да работиме за издигнување на нивото на просперитетот на секој граѓанин и за зголемување на вработувањето во Турција која расте и зајакнува. 1 мај Денот на трудот и солидарноста посакувам да стане повод за подобрувања за нашите работници во секоја сфера од нивните примања (платите) до нивните социјални права.“

 



Слични вести