Порака со сочувство од Турција до Авганистан за загинатите во терористичкиот напад

Министерството за надворешни работи соопшти дека со големо жалење е дознаено за големиот број загинати и ранети лица меѓу кои се наоѓаат и ученици, во извршениот напад со возило бомба за време на ифтар во провинцијата Логар во Авганистан

1631862
Порака со сочувство од Турција до Авганистан за загинатите во терористичкиот напад

Турција објави порака со сочувство за загинатите во терористичкиот напад со возило бомба во Авганистан кој беше извршен вчера приквечер за време на ифтар.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со големо жалење е дознаено за големиот број загинати и ранети лица меѓу кои се наоѓаат и ученици, во извршениот напад со возило бомба за време на ифтар во градот Пул-и Алем центарот на провинцијата Логан во Авганистан.

Во сооштението на Министерството се вели следното: „Ги проколнуваме извршителите на овој гнасен терористички напад и посакуваме да положат сметка пред правдата. На загинатите во нападот им посакуваме милост од Аллах, на ранетите итно оздравување, го изразуваме нашето сочувство до пријателскиот и братски авганистански народ и до Владата.“

Инаку, во извршениот напад со возило бомба вчера приквечер за време на ифтар во провинцијата Логар во Авганистан загинаа најмалку 30 лица, а повеќе од 90 мина се ранети.



Слични вести