Чавушоглу разговараше со своите киргистански и таџикистански колеги

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари одделни телефонски разговори со своите таџикистански и киргистански колеги во врска со вооружениот судир на границата помеѓу двете земји во кој имаше голем број загинати и ранети лица

1632106
Чавушоглу разговараше со своите киргистански и таџикистански колеги

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари одделни телефонски разговори со својот таџикистански колега Сиројидин Мухридин и киргистанскиот министер за надворешни работи Руслан Казакбаев.

Според добиени информации од дипломатски извори, Мевлут Чавушоглу во овие остварени телефонски разговори истакна дека најголема желба е проблемот помеѓу двете братски земји да се реши по мировни патишта и дека Турција ќе ја даде потребната поддршка за тоа.

Чавушоглу го изрази задоволството до своите таџикистански и киргистански колеги од потпишаниот договор за примирје.

Инаку, во вооружениот судир којшто изби поради спорот околу контролата на резервоарот за вода и пумпната станица сместени на реката Исфара за кои двете земји тврдат дека се нивни, загинаа 39 лица, а  повеќе од 224 лица беа ранети.

 



Слични вести