Во подрачјето на операцијата „Шепа-Гром“ на северот на Ирак загинаа двајца турски војници

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата „Шепа-Гром“ на северот на Ирак загинаа двајца турски војници

1631543
Во подрачјето на операцијата „Шепа-Гром“ на северот на Ирак загинаа двајца турски војници

Во подрачјето на операцијата „Шепа-Гром“ на северот на Ирак станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници. 

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Во рамките на операцијата Шепа-Гром којашто се реализира во северниот дел на Ирак на 28 април во извршен напад со воден против тенковски проектил беше ранет еден наш јуначки соборец кој беше префрлен во болница, но и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и на 30 април 2021 година стана шехид (го загуби животот).

За време на десант во рамките на операцијата Шепа-Гром при пад од хеликоптер на 30 април 2021 година еден наш јуначки соборец беше ранет по што веднаш беше префрлен на лекување во болница, но и покрај сите напори на лекарите не можеше да биде спасен и стана шехид (го загуби животот).“

 



Слични вести