Турција со своето домашно производство нема зависи од никого за бомби, муниција, ракети, боеви глави

Претседателот Ердоган рече: „Веќе нема да бидеме зависни од никого за експлозивите на бомбите за нашите авиони, муниција, ракети и боеви глави“

1631105
Турција со своето домашно производство нема зависи од никого за бомби, муниција, ракети, боеви глави
erdogan mke1.jpg
erdogan mke2.jpg
erdogan mkek.jpg
erdogan mkek muhimmat.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера учествуваше на настанот за отворање и стартување на производ на Постројката за производство на енергетски материјали во Фабриката за ракети и експлозиви „Барутсан“ на Институцијата за машинска и хемиска индустрија (МКЕК).

Во говорот што го одржа овде, претседателот Ердоган рече: „Веќе нема да бидеме зависни од никого за експлозивите на бомбите за нашите авиони, муниција, ракети и боеви глави“

Велејќи „Благодарение на Постројката за производство на енергетски материјали како земја се искачивме во супер лигата во способноста за производство на нова генерација експлозив“, Ердоган ја даде следната радосна вест: „Модуларниот барутен систем којшто се обезбедуваше од странство веќе ќе се произведува со целосно домашни можности.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го истакна и следното: „Посакуваме што поскоро нашата Институција за машинска и хемиска индустрија (МКЕК) во блиска соработка со приватниот сектор да се стекне со градба со којашто обезбедувајќи ги сите потреби на нашата армија ќе се стави крај на зависноста од надвор и заедно со нас ќе ги поддржува и нашите пријатели.“

Претседателот Ердоган потоа ја посети Командата на 4. корпус кадешто беше на ифтарска вечера со војниците.

На ифтарската вечера присуствуваше и министерот за национална одбрана.

 

 



Слични вести