Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган: Јужен Кипар никогаш не постапи чесно

Претседателот Ердоган, во врска со разговорите за Кипар во Женева го рече следното: „Не му верувам, немам доверба кон Јужен Кипар. Тие никогаш не постапија чесно.“

1631531
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган: Јужен Кипар никогаш не постапи чесно

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска на излегување од џума намаз (петочната молитва)  во Истанбул одговараше на прашањата на новинарите.

Претседателот Ердоган, во врска со разговорите за Кипар во Женева го рече следното: „Не му верувам, немам доверба кон Јужен Кипар. Тие никогаш не постапија чесно. Сега разговорите се одложени за 2-3 месеци и јас повторно не мислам дека ќе може да се постигне соодветен резултат. Бидејќи не се чесни (искрени). Излажаа, измамија, немаа почит и кон референдумот што се одржа. Сега повторно го прават истото. Тогаш кога ќе постапат члено, ќе ја видат и нашата чесност. Ако не постапат чесно, не можеме да постигнеме договор.“

Во врска со процесот на вакцинација против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција, претседателот Ердоган рече: „Јас не прифаќам дека ќе имаме било каков проблем во набавката на вакцини. Имаме доволно вакцини. По остварените разговори со Русија се надевам дека доаѓа, ќе дојде, вакцината Спутник В."

Осврнувајќи се на набавката и на вакцината „БионТек“ (BioNTech), претседателот Ердоган го истакна следното: „БионТек даде ветување од Германија. Се надевам дека ќе дојде и таа.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така се осврна и на работите за домашната вакцина и го рече следното: „Јас мислам дека ќе дојде до извонредна состојба. И во врска со домашната вакцина моментално работат интензивно нашите универзитети, некои наши фармацевтски фирми. Јас мислам дека, ослонувајќи се на нивниот даден збор, околу септември-октомври и тие ќе преминат на производство.“



Слични вести