Потпретседателот Фуат Октај разговараше телефонски со премиерот на Турската Република Северен Кипар Ерсан Санер

Во телефонскиот разговор беа разгледани разговорите за Кипар на неформалната конференција во Женева и работите коишто ќе се водат во рамките на протоколот за економска и финансиска соработка помеѓу Турција и Турската Република Северен Кипар

1631171
Потпретседателот Фуат Октај разговараше телефонски со премиерот на Турската Република Северен Кипар Ерсан Санер

Потпретседателот Фуат Октај оствари телефонски разговор со премиерот на Турската Република Севен Кипар (ТРС) Ерсан Санер.

Во телефонскиот разговор беа разгледани разговорите за Кипар на одржаната неформална конференција во швајцарскиот град Женева и активностите коишто ќе се водат во рамките на протоколот за економска и финансиска соработка помеѓу Турција и Турската Република Севен Кипар (ТРС).

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер истакна дека одржале многу корисен разговор со потпретседателот Фуат Октај.

Тој нагласи дека Турција и дава целосна поддршка на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) за успешно пребродување на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), надминување на присутните економски тешкотии и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) да го заземе своето место на меѓународната арена кое што го заслужува, како независна држава.

Велејќи дека со поддршка на татковината Турција почнувајќи од мај ќе започнат инфраструктурните работи и земјата во кусо време ќе се претвори речиси во градилиште, премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер, го рече следното: „Во наредните денови сигурно ќе биде направено она што е неопходно за применување на протоколот и интензивирање на работите.“

 



Слични вести