Порака од претседателот Ердоган по повод 105-годишнината од Победата на Кутул Амаре

Претседателот Ердоган во пораката истакна дека со милост се сеќаваме на нашите јуначки шехиди на 105-годишнината од извојуваната Победа на Кутул Амаре која претставува неспоредлива епопеја напишана од страна на турската армија

1631126
Порака од претседателот Ердоган по повод 105-годишнината од Победата на Кутул Амаре

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака во спомен и со почит на шехидите (загинатите војници) по повод одбележувањето на одбележувањето на 105-годишнината од Победата на Кутул Амаре.

Претседателот Ердоган во пораката истакна дека со милост се сеќаваме на нашите јуначки шехиди (загинати војници) на 105-годишнината од извојуваната Победа на Кутул Амаре која претставува неспоредлива (единствена) епопеја напишана од страна на турската армија.

Ердоган во пораката што ја сподели на своите профили преку социјалните медиуми го напиша следното: „Со мислост се сеќавам на нашите јуначки шехиди на 105-годишнината од Победата на Кутул Амаре која претставува неспоредлива (единствена) епопеја напишана од страна на нашиот народ.“

Инаку, битката на Кутул Амаре којашто беше водена на Ирачкиот фронт и на 29 април 1916 година заврши со победата на турската армија, се прифаќа како една од главните битки за време на Првата светска војна.

Оваа извојувана победа којашто резултира со заробување на англиските единици под команда на генерал мајор Чарлс Вере Ферерс Товншенд, е карактиристична по тоа што по Победата на Чанаккале (Дарданелите), е најголемата извојуваната победа за време на Првата светска војна.

 



Слични вести