МНР на Турција упати повик до израелската Влада да стави крај на попречувањата во Источен Ерусалим

Министерството за надворешни работи на Турција упати повик до израелската Влада да стави крај на попречувањата во Источен Ерусалим (Кудс)

1631385
МНР на Турција упати повик до израелската Влада да стави крај на попречувањата во Источен Ерусалим

Турција упати повик до израелската Влада да стави крај на попречувањата во Источен Ерусалим (Кудс).

Ви објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дознаено дека на состанокот што се одржа вчера со учество палестинските групи се одложени парламентарните и претседателските избори за коишто се предвидуваше да се одржат за прв пат по 2006 година.

Во соопштението се појаснува дека главната причина за донесување на оваа одлука од страна на палестинските групи е тоа што Израел не одговори на поднесеното барање од страна на палестинската управа за одржување на изборите особено во Источен Ерусалим (Кудс), како и тоа што Израел не даде дозвола за водење на предизборна кампања.

Во соопштението се упатува повик до израелската Влада да ги почитува одредбите од привремениот договор од Осло во 1995 година, да стави крај на нејзиниот став за попречување и со тоа да се обезбеди што поскоро одржување на изборите во Палестина.

„Од друга страна, посакуваме донесената одлука за одложување на изборите да не влијае негативно на процесот за компромис меѓу Палестинците на којшто му се придава голема важност и од страна на нашата земја. Воедно ги поттикнуваме сите палестински групи да продолжат да вложуваат напори на патот за постигнување компромис.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција. 

 



Слични вести