Министерот Акар: Турските вооружени сили располагаат со оперативна надмоќ со која можат да се здобијат мал број армии

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека Турските вооружени сили (ТВС) располагаат со предности и оперативна надмоќ коишто се обезбедуваат со висока технологија со која можат да се здобијат мал број армии во светот

1631131
Министерот Акар: Турските вооружени сили располагаат со оперативна надмоќ со која можат да се здобијат мал број армии

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, учествуваше на настанот за отворање и стартување на производ на Постројката за производство на енергетски материјали во Фабриката за ракети и експлозиви „Барутсан“ на Институцијата за машинска и хемиска индустрија (МКЕК).

Во говорот што го одржа овде министерот Акар истакна дека Турските вооружени сили (ТВС) располагаат со предности и оперативна надмоќ коишто се обезбедуваат со висока технологија со која можат да се здобијат мал број армии во светот.

Хулуси Акар напомена дека Турските вооружени сили (ТВС) во правец на директивите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со голема самопожртвуваност и јунаштво како никогаш досега водат интензивна и ефикасна борба за обезбедување придонес за регионалниот и глобалниот мир и стабилност, за одбрана на правото и законите ѝ на Турција ѝ на нејзините пријатели и браќа внатре во границите на земјата, во северните делови на Сирија и Ирак, на Кипар, во Азербејџан, Либија, Источниот Медитеран и на уште многу други простори (географии).

Привлекувајќи внимание на значењето на борбените орудија, средства и инструменти коишто се потрпираат на супериорна технологија, развиена од страна на домашната и националната одбранбена индустрија која реализира големи потфати под лидерство на претседателот Ердоган, во успесите коишто се постигнати во сите овие активности, министерот Акар рече: „Турските воориужени сили (ТВС) веќе располагаат со предности и оперативна надмоќ коишто се обезбедуваат со висока технологија со која можат да се здобијат мал број армии во светот. Одбраната на овие наши придобивки, доведувањето во најпродуктивна состојба на нашите системи за уште повеќе зголемување на ефикасните, одвраќачки и угледни својства на нашата армија и располагањето со супериорна технологија, се излезени од избор и станаа неопходност.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар додаде дека во тие рамки, со поддршка и поттикнувањата на претседателот Ердоган се постигнуваат значаен напредок речиси во секоја сфера, на чело со одбранбената индустрија.

 



Слични вести