Започнати нови антитерористички операции „Ерен Џуди-Беста“ и „Ерен Казан-Огул“ кај Ширнак и Хаќќари

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во подрачјата на градовите Ширнак и Хаќќари се започнати две нови антитерористички операции „Ерен Џуди-Беста“ и „Ерен Казан-Огул“ во кои учествуваат 5.280 припадници на безбедносните сили

1630744
Започнати нови антитерористички операции „Ерен Џуди-Беста“ и „Ерен Казан-Огул“ кај Ширнак и Хаќќари

Во подрачјата на градовит Ширнак и Хаќќари со учество на 5.280 припадници на безбедносните сили се започнати две нови антитерористички операции „Ерен Џуди-Беста“ и „Ерен Казан-Огул“.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, со поддршка на народот со верба и одлучност продолжуваат успешно антитерористичките операции “Ерен“.

Во тие рамки, истовремено и координирано со прекуграничните операции „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ коишто се реализираат во северниот дел на Ирак, внатре во земјата се започнати операциите „Ерен Џуди-Беста“ во подрачјето на Ширнак и „Ерен Казан-Огул“ во подрачјето на Хаќќари, а со цел целосно вадење на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од дневниот ред на земјата, спречување на премините на терористите од едно до друго место на засолнување, како и неутрализирање на терористите.

Во операциите „Ерен Џуди-Беста“ и „Ерен Казан-Огул“ учествуваат 5.280 припадници на безбедносните сили.

Инаку, во рамките на операциите „Ерен“ коишто се заполнати на 11 јануари 2021 година за целосно елиминирање на тероризмот внатре во границите на земјата, досега се неутрализирани 22 терористи, фатени се 75 соработници, уништени се 666 петшери, засолништа и складишта, а се запленети и големи количини оружје и муниција, храна и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите.

Од друга страна, во прекуграничните операции „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ коишто се реализираат во областите Метина и Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак со помош на наоружани беспилотни летала (СИХА) се неутрализирани 5 мина терористи.

На тој начин бројот на неутрализираните терористи во операциите „Шепа“ се зголеми на 42.

Во меѓувреме, и во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во рамките на прекуграничните операции „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ во северниот дел на Ирак со помош на воени авиони и артилериски орудија на Турските вооружени сили (ТВС) на ефикасен начин се бомбардираат целите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во подрачјето.

 



Слични вести