Во северниот дел на Ирак се неутрализирани 5 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ коишто се реализираат во областите Метина и Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак со помош на наоружани беспилотни летала (СИХА) се неутрализирани 5 терористи

1630822
Во северниот дел на Ирак се неутрализирани 5 терористи

Од друга страна, во прекуграничните операции „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ коишто се реализираат во областите Метина и Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак со помош на наоружани беспилотни летала (СИХА) се неутрализирани 5 мина терористи.

На тој начин бројот на неутрализираните терористи во операциите „Шепа“ се зголеми на 42.

Во меѓувреме, и во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во рамките на прекуграничните операции „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ во северниот дел на Ирак со помош на воени авиони и артилериски орудија на Турските вооружени сили (ТВС) на ефикасен начин се бомбардираат целите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во подрачјето.

 



Слични вести