Дмитриј Песков: САД се вознемирени од тоа што претседателот Ердоган ја носи Турција напред

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека САД се вознемирени од тоа што претседателот Ердоган ја носи Турција напред

1630962
Дмитриј Песков: САД се вознемирени од тоа што претседателот Ердоган ја носи Турција напред

Портпаролот на претседателскиот дворец на Русија (Кремљ) Дмитриј Песков даде изјави во врска со односите помеѓу Турција и САД во врска со што рече дека тоа што претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја носи Турција напред создава вознемиреност кај управата на Соединетите Американски Држави (САД).

Песков истакна дека Турција е земја која има доверба во себе и привлече внимание дека претседателот Ердоган ја носи Турција напред.

Портпаролот на Кремљ нагласи дека управата на САД пак, чувствува загриженост од оваа состојба и дека со купените противвоздушно одбранбени системи С-400 од Русија тоа се претвори во притисок.

Тој рече: „Вашингтон, би претпочитал да работи со пофлексибилна Анкара.“

Песков, се осврна и на употребата на изразот „геноцид“ во врска со ерменските настани, од страна на американскиот претседател Џо Бајден.

Дмитриј Песков истакна дека изјавата не е поврзана со желбата за длабоко разбирање на историјата и дека е дел од политиката на САД.



Слични вести