Во Женева продолжува неформалната конференција за Кипар во формат 5+1

Во Женева продолжува неформалната конференција за Кипар во формат 5+1, на вториот ден од разговорите на кои учествуваат двете страни на Кипар, турската и грачката страна, како и гаранторските земји Турција, Грција и Велика Британија

1630080
Во Женева продолжува неформалната конференција за Кипар во формат 5+1

Во Женева продолжува неформалната конференција за Кипар под водство на Обединетите нации (ОН) во формат 5+1 со учество на двете страни на Кипар, Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и Кипарско-грчката управа, како и гаранторските земји Турција, Грција и Велика Британија. 

Денеска, вториот ден на конференцијата, со која претседава генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, првата сесија започна во 11:20 часот по турско време.

Уводниот говор го одржа Гутерес, а потоа редум говореа лидерот на Кипарско-грчката управа Никос Анастасиадис, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас и британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.

По дадената пауза ќе се одржи втората сесија на конференцијата на која генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес ќе оствари билатерални средби со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и со претседателите на другите делегации, Ерсин Татар, Никос Анастасиадис, Никос Дендиас и Доминик Раб.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес вечерва ќе приреди неформална свечена вечера во чест на претседателите на делегациите.

Неформалната конференција за Кипар во швајцарскиот град Женева ќе заврши утре.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со конференцијата којашто се одржува во формат 5+1, го рече следното: „Во Женева и дадовме целосна поддршка на визијата на кипарско-турската страна за суверена еднаквост и еднаков меѓународен статус, како и целосна поддршка на нејзиниот предлог во таа насока.“

Чавушоглу во споделената порака на својот профил на социјалната мрежа истакна дека во рамките на конференцијата истовремено раскажуваат и за тоа зошто не може да биде можно да се постигне федерално решение на Кипар.

Тој во пораката напиша: „Во Женева и дадовме целосна поддршка на визијата на кипарско-турската страна за суверена еднаквост и еднаков меѓународен статус, како и целосна поддршка на нејзиниот предлог во таа насока. До праведно, трајно и одржливо решение може да се достигне само на основа на вистините на островот.“

Во меѓувреме, премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер со поврзување во живо од Женева на програмата „Наслов +“ емитувана на Радио-телевизијата Бајрак (БРТ).

Велејќи дека засега не е дојдено до посакуваната точка, Санер рече: „Сите заедно ќе видиме како ќе се одразат овие разговори.“

Ерсан Санер истакна дека постојано се во контакт со претседателот Ерсин Татар и рече дека генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес јасно го разбира ставот на кипарскиот турски народ.

„Денеска ќе биде најинтензивниот ден во Женева. Голем број настани ќе се обликуваат на масата и ќе се појави каква патна карта ќе биде зацртана. Никој да не очекува кипарскиот турски народ да помине уште 53 години под ембарга, под изолации, тоа не е можно.“

 



Слични вести