Реакција од Турција на притисоците за оставка на градски советник во Франција од турско потекло

Заменик-министерот за надворешни работи Јавуз Селим Киран покажа реакција на принудувањето на оставка на советникот на градското собрание на општина Валенс во Франција од турско потекло Јасин Јилдирим

1630245
Реакција од Турција на притисоците за оставка на градски советник во Франција од турско потекло

Заменик-министерот за надворешни работи Јавуз Селим Киран во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека неприфатливо е тоа што советникот на градското собрание на општина Валенс во Франција од турско потекло Јасин Јилдирим беше принуден да поднесе оставка поради тоа што лајкувал споделена објава на социјалната медија во чест на турските дипломати кои станаа шехиди (загинаа) во нападите на ерменската терористичка организација АСАЛА во Франција.  

Киран покажа реакција на принудувањето на оставка на советникот на градското собрание на општина Валенс во Франција од турско потекло Јасин Јилдирим да поднесе оставка поради лајкувана споделена објава во чест на турските дипломати кои станаа шехиди во нападите на ерменските терористички организации.

Велејќи дека оние кои во секоја прилика се обидуваат да одржат лекција по прашањето на слободата на изразување, тогаш кога ќе се соочат со вистини кои го нарушуваат нивниот мир го наоѓат во себе секое право на вршење притисок, Киран рече: „Неприфатливо е да се бара оставката на еден политичар кој се сеќава со спомен на нашите дипломати шехиди во нападите на терористичката организација АСАЛА.“ 

Јасин Јилдирим, советник во градското собрание на општина Валенс во Франција од турско потекло, ја лајкуваше споделената објава на социјалната медија од страна на неговиот брат, на Министерството за надворешни работи на Турција под насловот „Нашите дипломати шехиди во ерменските терористички  напади“.

Поради поплаките и притисокот од страна на ерменските здруженија, градоначалникот Николас Дарагон побара од Јилдирим да поднесе оставка.

По извршените притисоци Јасин Јилдирим беше принуден да поднесе оставка од својата должност советник во градското собрание на општина Валенс.

 



Слични вести