Омер Челик: Изјавата на Бајден е неодговорен приод без никаква правна и историска основа

Портпаролот на АК Партијата Омер Челик рече: „Ние никако нема да прифатиме зборот 'геноцид' да се употребува за нашиот народ, нашата држава и нашата историја. Тоа е неодговорен приод без никаква правна основа и без никаква историска основа.“

1629645
Омер Челик: Изјавата на Бајден е неодговорен приод без никаква правна и историска основа

Портпаролот на Партијата за правда и развој (АК Партијата) Омер Челик, вчера додека продолжуваше состанокот на Централниот одлучувачки и управен одбор (МКЈК) со кој претседаваше претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, се појави пред камерите и даде изјави.

Челик, осврнувајќи се на изјавата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден кој во врска со настаните од 1915 година го употреби изразот „геноцид“, го рече следното: „Ние никако нема да прифатиме зборот 'геноцид' да се употребува за нашиот народ, нашата држава и нашата историја. Велиме дека остро ги осудуваме оние кои го употребуваат тој збор. Тоа е приод којшто ќе го проколнуваме секогаш. Тоа е неодговорен приод без никаква правна основа и без никаква историска основа.“

Омер Челик појасни дека за прв пат еден американски претседател ја напушти  традиционалната политика којашто се следи ѝ од страна на Демократската партија ѝ од страна на Републиканците во САД по прашањето на настаните од 1915 година.

Велејќи дека се соочуваме со состојба која нема било каква врска ниту со историските податоци, ниту со правните основи, Челик истакна дека овие политики целосно се доведени во положба на заложник во рацете на фанатизираните ерменски групи на интерес од дијаспората.

Омер Челик подвлече дека наведените групи ги држат во заложништво ѝ политиката на Ерменија ѝ политиката во голем број земји, и дека за прв пат еден претседател на САД и се предава на една ваква фанатизирана група.

Нагласувајќи дека политиката и дипломатијата не се сфери за да и се суди на историјата и да се донесуваат пресуди во врска со историјата, портпаролот на АК Партијата Омер Челик го подвлече следното: „Доведувањето на историјата во состојба на товар е крајно едноставен настан, без притоа да постои потреба од вложување на никаков напор, никаков  труд. Овде гледаме дека за жал се соочуваме со крајно тесна гледна точка (тесна перспектива) со којашто се напушта и причината за постоење на политиката и дипломатијата.“

Челик нагласи дека Турција е чувствителна по ова прашање, појасни дека од 1950 година е потписничка на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид со датум од 1948 година, а воедно додаде дека на јасен и евидентен начин се става до знаење дека не постои било каква содржина и резултат со коишто настаните од 1915 година би можеле да се оценат за „геноцид“.

 



Слични вести