Министерството за национална одбрана: Базата Инџирлик е турска база, сопственост на Турција

Од страна на Министерството се нагласува дека базата Инџирлик во Адана е една од базите на Воздухопловните сили на Турските вооружени сили (ТВС) и дека базата заедно со сите постројки коишто се наоѓаат во нејзини рамки е сопственост на Република Турција

1630156
Министерството за национална одбрана: Базата Инџирлик е турска база, сопственост на Турција

Извори на Министерството за национална одбрана (МНО) направија проценка на дискусиите во врска со базата Инџирлик и тоа дека треба да бидат симнати знамињата на САД во оваа база, а коишто беа поставени на дневен ред по изјавата на американскиот претседател Џо Бајден кој за настаните од 1915 година го употреби изразот „геноцид“.

Од страна на Министерството се нагласува дека базата Инџирлик во Адана е една од базите на Воздухопловните сили на Турските вооружени сили (ТВС) и дека базата заедно со сите постројки коишто се наоѓаат во нејзини рамки е сопственост на Република Турција.

Се вели дека одредени постројки во базата Инџирлик се користат во согласност со Договорот за одбранбена и економска соработка потпишан помеѓу Турција и САД во 29 март 1980 година.

Се укажува дека овој договор ја содржи одредбата „Владата на Република Турција и дозволува на Владата на Соединетите Американски Држави (САД) да се приклучи кон заедничките одбранбени мерки во постројките на Турските вооружени сили (ТВС) во Инџирлик“. 

Извори на Министерството за национална одбрана (МНО) ја изнесуваат следната констатација: „Базата Инџирлик е една од нашите бази на Воздухопловните сили на Турските вооружени сили (ТВС), таа е турска база, заедно со сите постројки коишто се наоѓаат во нејзини рамки е сопственост на Република Турција. Нашето славно знаме е кренато на јарболот 24 часа и никогаш не е симнато. Командата на 10-тата танкерска база која се наоѓа во Инџирлик, хиерархиски е во склопот на Командата на борбените воздухопловни сили распоредени во Ескишехир, а потоа во склопот на Командата на воздухопловните сили. Командата на базата својата задача и должност ја извршува под наредба и команда на командантот на базата.“  

Извори на Министерството исто така појаснуваат дека во Командата на 10-тата танкерска база освен елементи на САД се наоѓаат и елементи на Шпанија, Катар и Полска и дека од базата Инџирлик се поддржува и операцијата Природна одлучност.

 



Слични вести