Командантот на „ЦЕНТКОМ“ генерал Мекензи: Турција е наш долгогодишен драгоцен НАТО партнер

Командантот на Централните сили на САД „ЦЕНТКОМ“ генерал Кенет МекКензи рече: „Турција е наш долгогодишен драгоцен НАТО партнер“

1629906
Командантот на „ЦЕНТКОМ“ генерал Мекензи: Турција е наш долгогодишен драгоцен НАТО партнер

Командантот на Ценралните сили на Соединетите Американски Држави (САД) генерал Кенет Мекензи во тинк-тенк институтот „American Enterprise Institute (AEI)“ направи проценки во врска со случувањата на Блискиот исток. 

Мекензи истакна дека средбата помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Џо Бајден за  која се планира да се одржи за време на претстојниот Самит на НАТО во месец јуни, ќе биде позитивна од аспект на иднината на односите меѓу двете земји.

На едно прашање во врска со тоа дали растечките воени способности на Турција во регионот и особено во Сирија и Либија влијаат или не на регионалните динамики за САД, генерал Мекензи одговори со зборовите: „Турција, поготово е наш долгогодишен ценет НАТО партнер. Со Турција имаме воспоставено односи над членот број 5 (на Договорот на НАТО).“

Велејќи дека Турција располага со праведни безбедносни грижи по прашањето на Ирак и Сирија и дека го разбираат тоа, командантот на Централните сили на САД генерал Кенет Мекензи рече: „Она што се обидуваме да го направиме со Турција е да ги зголемиме сферите во кои би можеле да воспоставиме компромис. Иако меѓу вас има несогласувања би можеле да продолжете да бидете пријатели. Има сфери во кои доживуваме несогласување со Турција, но по ова прашање постои еден добар знак, а тоа е тоа што двајцата претседатели ќе се состанат во НАТО, мислам идниот месец. Мислам дека тоа ќе биде доста позитивно за иднината.“

 



Слични вести