Фахреттин Алтун: Зошто Агенцијата Анадолија „АА“ се поставува на мета од страна на јавните институции во Франција

Фахреттин Алтун во врска со поставувањето на мета на новинската Агенција Анадолија „АА“ од страна на јавните институции во Франција го постави прашањето: „Зошто вестите на Агенцијата Анадолија ја вознемируваат Франција?“

1630302
Фахреттин Алтун: Зошто Агенцијата Анадолија „АА“ се поставува на мета од страна на јавните институции во Франција

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун сподели објава преку социјалната медија во врска со поставувањето на мета на новинската Агенција Анадолија „АА“ од страна на јавните институции во Франција.

„Зошто вестите на Агенцијата Анадолија ја вознемируваат Франција?“ запраша Алтун и го истакна следното: „Прашуваме. Зарем вашето разбирање за слободата на печатот е тоа? Зошто Франција која е дојдена во позиција на центар на антиисламизмот и систематската дискриминација против муслиманите, цели кон слободата на печатот и изјавата? Зошто се плашете?“

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун во својата објава го подвлече и следното: „Гледаме дека Франција нејзината игнорирачка политика и политика на притисок врз муслиманите ја продолжува и преку медиумските институции. Упатуваме повик до Франција. Престанете да го разгорувате антиисламизмот со посредство на државните органи. Престанете со притисокот врз Агенцијата Анадолија.“

 

 



Слични вести