Ердоган: „ Нема да го толерираме менталитетот што се обидува да го осуди Кипар во ќор-сокак “

Без оглед на резултатот од состанокот, ние ќе продолжиме со поддршката на нашите браќа кипарските Турци

1628907
Ердоган: „ Нема да го толерираме менталитетот што се обидува да го осуди Кипар во ќор-сокак “

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече: „Ние нема да го толерираме менталитетот што се обидува да го осуди Кипар во ќор-сокак и се обидува да ги заплаши браќата кипарските Турци со ембарго“.

Претседателот Ердоган по состанокот на кабинетот одржа прес конференција и се осврна на Кипарското прашање.

Ердоган изјави дека пред состанокот, бил домаќин на Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар и дека разговарале за билатералната соработка и за „неформалниот состанок на Обединетите нации 5 + 1“ што ќе се одржи денес во Женева, Швајцарија.

Претседателот Ердоган рече дека претседателот на ТРСК, Татар поддржан од кипарските Турци, на состанокот во Женева ќе ја изнесе визијата за постигнување решение кое ќе се заснова на суверена еднаквост на двете држави, наведувајќи дека Турција ќе и даде целосна поддршка на оваа визија. Ние нема да го толерираме менталитетот што се обидува да го осуди Кипар на ќор-сокак, особено оние што сакаат да ги заплашат нашите кипарски браќа со ембарго. Без оглед на резултатот од состанокот, ние ќе продолжиме со поддршката на нашите браќа кипарските Турци“.



Слични вести