Големото Народно Собрание на Турција ја осуди изјавата на американскиот претседател Бајден

Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) ја осуди изјавата на американскиот претседател Џо Бајден кој во врска со настаните од 1915 година го употреби изразот „геноцид“

1629470
Големото Народно Собрание на Турција ја осуди изјавата на американскиот претседател Бајден

Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) ја осуди изјавата на американскиот претседател Џо Бајден кој во врска со настаните од 1915 година го употреби изразот „геноцид“.

Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) на својата денешна седница усвои соопштение со кое се осудува и негира (отфрлува) изјавата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден кој настаните од 1915 година ги окарактеризира како „геноцид“.

Во соопштението се истакнува следното: „Тоа што претседателот на САД Џо Бајден со неговата изјава на 24 април 2021 година ги присвојува тезите коишто ги содржат тврдењата на ерменските лоби средини во врска со настаните од 1915 година, го осудуваме со жалење и жестоко како Големо Народно Собрание на Турицја (ТБММ), на најсилен начин ги отфрлуваме овие неосновани клевети коишто немаат никакво друго значење освен изобличување (деформација и искривување) на историјата со политички мотиви.“

„Оваа изјава на претседателот на САД  кој нема правна и морална надлежност за донесување пресуда во однос на историски прашања, е неважечка, ништовна за нас. Го повикуваме Бајден да ја промени оваа негова погрешна изјава која не се истоветува (не е компатибилна) со историските вистини, нанесува длабока рана врз совеста на нашиот народ, да ги поддржи напорите за живот во мир, стабилност и доверба за народите во регионот пред се за турскиот и ерменскиот народ; и да се врати од оваа одлука којашто неминовно ќе има негативни влијанија врз нашите билатерални односи. Оваа изјава на претседателот на САД, е неважечка, ништовна за нас “. - стои во усвоеното соопштение на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) со осуда на изјавата на американскиот претседател Џо Бајден кој во врска со настаните од 1915 година го употреби изразот „геноцид“.

 



Слични вести