Турција на неформалната конференција за Кипар во Женева ќе ја претставува министерот Чавушоглу

Турција на неформалната конференција за Кипар во Женева ќе ја прретставува министерот Чавушоглу

1628512
Турција на неформалната конференција за Кипар во Женева ќе ја претставува министерот Чавушоглу

На неформалната конференција за Кипар која ќе започне утре во формат 5+1 во швајцарскиот град Женева со учество на турската и грчката страна на Кипар и трите гаранторски земји, Турција, Грција и Велика Британија плус Обединетите нации (ОН), Турција ќе ја претставува делегација предводена од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Според објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи, конференцијата ќе се одржи од 27 до 29 април во швајцарскиот град Женева, а домаќин ќе биде генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес. 

 На конференцијата, освен претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар и лидерот на Кипарско-грчката управа Никос Анастасисдис, ќе учествуваат и претставници на, трите гаранторски земји на Кипар, Турција, Грција и Велика Британија. 

Турција ќе биде претставувана со делегација предводена од министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

 



Слични вести