Состанок на министерот Акар со воените команданти преку видео-коконференција

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар одржа состанок со воените команданти преку видео-конференција

1628733
Состанок на министерот Акар со воените команданти преку видео-коконференција

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар одржа состанок со воените команданти преку видео-конференција.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека состанокот се одржа под претседателство на министерот Хулуси Акар на командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС), началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на Копнените сили генерал на армија Умит Дундар, командантот на Воздушните сили генерал на армија Хасан Ќучукакјуз и командантот на Поморските сили адмирал Аднан Озбал, како и заменик министерот за национална одбрана Јунус Емре Караосманоглу.

На состанокот, освен од страна на командантите на родовите и армиските единици беа дадени информации во врска со активностите и последната ситуација на теренот коишто продолжуваат и од страна на командантите на единиците внатре во земјата и надвор преку границата, а воедно беа разгледани и одбранбените и безбедносните активности, како и борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој беше информиран од страна на командантите им ги издаде потребните директиви на воените единици.

 



Слични вести