Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар во посета на Турција

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар денеска ќе престојува во работна посета на Турција

1628154
Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар во посета на Турција

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар, на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска ќе допатува во работна посета на Турција.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, во рамките на посетата ќе бидат преразгледани со сите нивни димензии односите помеѓу Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК), а ќе бидат разгледани и чекорите коишто би можеле да се преземат за развивање на соработката.

На разговорите, освен билатералните односи ќе бидат разменети мислења во врска со најновите случувања во однос на Кипарското прашање, вклучувајќи го и „неформалниот состанок 5 + Обединетите нации (ОН)“ што ќе се одржи од 27 до 29 април во швајцарскиот град Женева.



Слични вести