Поддршка од Пакистан на Турција против изјавата на Бајден за настаните од 1915 година

Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши го побара по телефон министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и истакна дека неговата земја ги поддржува тезите на Турција во врска со настаните од 1915 година

1628155
Поддршка од Пакистан на Турција против изјавата на Бајден за настаните од 1915 година

Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши даде поддршка на тезите на Турција против изјавата на американскиот претседател Џо Бајден кој настаните од 1915 година ги окарактеризира како „геноцид“.

Според добиени информации од дипломатски извори, Курејши го побара по телефон министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Во телефонскиот разговор, пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши нагласи дека неговата земја ги поддржува тезите на Турција против изјавата на Бајден кој во врска со настаните од 1915 година го употреби изразот „геноцид“.

Според објавеното соопштение од пакистанското Министерство за надворешни работи пак, портпаролот на Министерството Захид Хафиз Чавдри привлече внимание дека управата во Исламабад ги забележува изјавите коишто се даваат во врска со настаните од 1915 година од страна на некои влади и истакна дека верува оти едностраните приоди кон историските настани и политичката класификација можат да и наштат на довербата меѓу народите и можат да доведат до поларизација. 

Чавдри напомена дека го ценат конструктивниот приод на Турција, вклучувајќи го и нејзиниот предлог за формирање на Заедничка историска комисија за изнесување на виделина на вистините во врска со настаните од 1915 година.

 



Слични вести