Омер Челик: Правата и интересите на Турската Република Северен Кипар се нашата црвена линија

Портпаролот на АК Партијата Омер Челик истакна дека правата и интересите на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) се црвена линија

1628737
Омер Челик: Правата и интересите на Турската Република Северен Кипар се нашата црвена линија

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик на својот профил на социјалната медија сподели фотографија од средбата на претседателскиот Реџеп Тајјип Ердоган со претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар. 

Омер Челик во објавата истакна дека правата и интересите на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) се црвена линија за Турција.

Велејќи дека Турција секогаш е поддржувач на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Челик рече: "Турција секогаш и под секакви услови е покрај Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и е бранител на каузата на кипарските Турци. Начините на политика и дипломатските иницијативи со коишто се настојува да се одземат суверените права и интереси на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), не се легитимни и никако нема да бидат прифатени."

Тој истакна дека Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) презентираат конструктивен став по прашањето на решение.

"Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и Турција при секоја иницијатива за легитимно решение секогаш ја презентирале најконструктивната политика. Но наспроти тоа не согледал никаква конструктивна политика. Грција и јужната кипарско-грчка управа освен прекумерни барања немаат донесено ништо на масата. Правата и интересите на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) се нашата црвена линија. Турската Република Северен Кипар (ТРСК) секогаш ќе ја види Турција покрај себе. Не може да стане збор никој да ги одземе правата и интересите на Турската Република Северен Кипар (ТРСК)."

 



Слични вести