Мустафа Шентоп: Оние со криминално досие треба да зборуваат повнимателно во врска со Турција

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека функционерите со криминално досие поради расизам, геноцид и злосторства против човештвото, кога зборуваат во врска со Турција треба да зборуваат повнимателно

1628641
Мустафа Шентоп: Оние со криминално досие треба да зборуваат повнимателно во врска со Турција

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп говореше на "Панелот за втората војна во Карабах и воените злосторства на Ерменија" што се одржа во Собранието.

Шентоп истакна дека функционерите на земјите со криминално досие поради расизам, геноцид и злосторства против човештвото, кога зборуваат во врска со Турција треба да зборуваат повнимателно.

Шентоп во својот говор рече: „Јасно е дека Ерменија и ерменската дијаспора, запаѓаќи во илузијата на 'Голема Ерменија' како резултат на провоцирање на чувствата на омраза кон Турција со тврдењата за наводен 'геноцид', стануваат причина за регионална нестабилност.“

Во врска со изјавата на американскиот претседател Џо Бајден во врска со настаните од 1915 година, Мустафа Шентоп рече: „Не постои ниту еден научен, историски наод, ниту една нова проценка. Единственото што е променето е политичката одлука.“

„Изјавата на претседателот на САД за наводен 'геноцид', е изјава којашто во потполност ги негира (смета за ништовни) правото, политичкото и историското искуство. Тоа освен тоа што ја изнесува противречноста на САД со универзалното право и науката, е во својство на изјава која ќе им наштети на односите помеѓу Турција и САД коишто се потпираат на човековите права, владеењето на правото и взаемното пријателство.“ - истакна Шентоп.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп го подвлече следното: „Како претседател на ТБММ ја отфрлувам оваа нанесена голема клевета (изјавата на претседателот на САД Бајден во врска со настаните од 1915 година) против нашата држава, нашиот народ и нашата историја. Поготово функционерите на земјите чија историја па дури и сегашноста имаат криминално досие поради расизам, геноцид и злосторства против човештвото, би сакал да потсетам дека треба да бидат повнимателни кога зборуваат во врска со Турција.“

 



Слични вести