Хулуси Акар: Во операциите “Шепа-Гром“ и „Шепа-Молња“ досега се неутрализирани 31 терорист

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар информира дека во операциите „Шепа-Молња“ и “Шепа-Гром“ коишто се реализираат против терористите во северниот дел на Ирак досега се неутрализирани 31 терорист

1628147
Хулуси Акар: Во операциите “Шепа-Гром“ и „Шепа-Молња“ досега се неутрализирани 31 терорист

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно со командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС) престојуваше во посета и обиколка на Оперативниот центар на операциите „Шепа-Молња“ (Pençe-Şimşek) и “Шепа-Гром“ (Pençe-Yıldırım), во Јуксекова кај градот Ширнак.

Во говорот што го одржа овде, министерот Акар информира дека во операциите коишто се реализираат против терористите во северниот дел на Ирак досега се неутрализирани 31 терорист.

Велејќи дека операциите продолжуваат на мошне успешен начин, Хулуси Акар рече: „Секој треба да знае многу добро дека нашата единствена цел се терористите и дека освен тоа немаме никаква цел. Крајно ги почитуваме територијалниот интегритет и граничната безбедност на сите наши соседи, на чело со Ирак. Нашата цел и намера е да подготвиме живот во спокојство и безбедност, ѝ за нашите ирачки браќа, ѝ за нашите сопствени граѓани, како и да ги обезбедиме можностите за тоа.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар исто така информира и во врска со операциите „Шепа-Молња“ (Pençe-Şimşek) и „Шепа-Гром“ (Pençe-Yıldırım) коишто започнаа на 23 април.

Тој рече: „Досега /... / бројот на неутрализираните терористи од страна на нашите командоси изнесува 31.“

 



Слични вести