Ердоган остро реагираше на изјавата на Бајден за „геноцид“

Бајден користеше неосновани, неправедни и нереални изрази за тажните случувања што се случиле пред повеќе од еден век

1628742
Ердоган остро реагираше на изјавата на Бајден за „геноцид“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека американскиот претседател Џо Бајден употреби „неосновани, неправедни, нереални изрази“ за тажните случувања што се случиле пред повеќе од еден век (1915 година), потенцирајќи дека  „На турската нација не можете да и ја залепите етикетата „геноцид“.

Претседателот Ердоган по состанокот на кабинетот одржа прес конференција.

Претседателот Ердоган остро реагираше на проценката на Џо Бајден на 24 април за случувањата од 1915 година кои ги оцени како „геноцид“, истакнувајќи дека сметаме дека оваа квалификација  е последица на притисоците на радикалните ерменски и анти-турските групи“.

Велејќи дека Бајден користеше неосновани, неправедни и нереални изрази за тажните случувања што се случиле пред повеќе од еден век, Ердоган рече: „Ако САД и Европа се натпреваруваат со нас за историјата, тие ќе се најдеа во позиција да не можат за излезат пред човештво. Не само ние, туку тоа го велат и европските историчари. Ако кажете геноцид, тогаш претходно самите треба да се погледнете во огледало и себеси да се оцените.

Отоманската империја, ерменското население не го испрати на друго место, тие се пресели во своите територии. (На овие луѓе) им беше даден рок од една недела, оние што имаа изговор беа изземени. Нјголемиот број на Ерменците подложени на преселување и испраќање дури во извештаите на САД изнесува околу 600 илјади, а која бројка е уште помалку“.

Претседателот Ердоган исто така нагласи на многу места (во тоа време) дека има масовни гробници на Турци масакрирани од Ерменци, но никаде не може да се најдат масовни гробници на Ерменците. На 24 април не се случи ништо во име на човечка трагедија. 24 април 1915 година е ден кога Османлиската држава ги затвори организациите што дејствуваа против државата и уапси 235 извршни раководители. Ерменските банди не се судрија со турската армија или милицајците кои ги бранеа своите градови, единствено што направија беше масакрирање на беспомошните луѓе. Кога сите факти се очигледни, не можете да излезете и да ги етикетирате Турците и турската нација за „геноцид“.

Претседателот Ердоган во продолжение рече: „Истражувањето на случувањата во историјата и откривањето на вистината треба да им се остави на историчарите, а не на политичарите. Сè уште не добивме одговор на нашиот предлог за формирање заедничка историска комисија за ерменските тврдења што се изнесуваат со години“.



Слични вести