Ибрахим Калин: Ќе им се одговори на САД во врска со изјавата на Бајден за настаните од 1915 година

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин изјави за британската новинска агенција „Ројтерс“ дека Турција ќе одговори на изјавата на американскиот претседател Џо Бајден кој во врска со настаните од 1915 година го употреби изразот „геноцид“

1628161
Ибрахим Калин: Ќе им се одговори на САД во врска со изјавата на Бајден за настаните од 1915 година

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во дадената изјава за британската новинска агенција „Ројтерс“ истакна дека Турција ќе одговори на изјавата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден кој во врска со настаните од 1915 година го употреби изразот „геноцид“.

Калин рече: „Оваа страотна изјава на Џо Бајден е крајно несреќна и неправедна изјава. Во потполност ја отфрлуваме и ја осудуваме. Изјавата не се поддржува и со историски вистини. Нема законска основа.“

Велејќи дека Турција во текот на времето ќе одговори на изјавата за којашто станува збор, Калин го рече следното: „Во наредните денови и месеци ќе се одговори на различен вид, начин и степен.“

Ибрахим Калин појасни дека изјавата е неодговорна изјава и политички, во врска со што го истакна следното. „Ако погледнеме политички, тоа е неодговорна и неконструктивна изјава. По ослободувањето на Карабах (во октомври 2020 година), нема придонес за ниту еден процес во кој се наоѓа Турција, вклучувајќи ги и иницијативите за нормализација со Ерменија. Секако ќе има влијание и на односите помеѓу Турција и САД.“

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин, исто така потсети дека претседателот Ердоган во 2005 година ги отвори архивите и предложи да се формира Заедничка комисија за истражување на прашањето.

Подвлекувајќи дека ерменската страна не одговори на овој повик бидејќи знае дека ќе бидат побиени нивните тврдења, Калин нагласи дека Турција ќе продолжи да одговара на оваа скандалозна изјава.

 



Слични вести