Фахреттин Алтун: Изјавата на Бајден е несреќна, недолична и неважечка и во потполност се отфрлува

Шефот на одделот за комуникации на престедателството Фахреттин Алтун истакна дека изјавата на американскиот претседател Бајден се смета за несреќна, недолична и неважечка и во потполност се отфрлува

1628368
Фахреттин Алтун: Изјавата на Бајден е несреќна, недолична и неважечка и во потполност се отфрлува

Шефот на одделот за комуникации на престедателството Фахреттин Алтун говореше на „Изложбата на дипломатите шехиди“ којашто е отворена во Истанбул, во чест на турските дипломати кои станаа шехиди (беа убиени) во нападите на ерменските терористички организации.

Алтун истакна дека изјавата на американскиот претседател Џо Бајден кој настаните од 1915 година ги нарече „геноцид“, се смета за несреќна, недолична и неважечка и истата во потполност се отфрлува.

Тој напомена дека оние кои за да ја сведат Турција на посакуваниот пат посегнуваат по секој вид закани, од тероризмот до санкции, не можеа и не ќе можат да постигнат успех.

Нагласувајќи дека државата и народот секогаш се на нозе, будни, против сите мрачни средни и центри кои сакаат да ја поделат, распарчат и да и забијат нож од внатре на Турција, Алтун рече: „Ниту за момент нема да се откажеме од борбата против терористичките организации, глобалните центри на моќ и пучистичките менталитети.“

Шефот на одделот за комуникации на престедателството Фахреттин Алтун се осврна и на изјавите на американскиот претседател Џо Бајден во врска со настаните од 1915 година. 

Тој рече: „Изјавата на Бајден со која настаните од 1915 година се наречени 'геноцид' ја сметаме за несреќна, недолична и неважечка и во потполност ја отфрлуваме. Јасно е дека ќе создаде сериозна штета во нашите односи. Популистичките реторики без историска вистина како што се тврдењата за т.н. 'геноцид', претставуваат напад врз нашата култура на соживот којашто ја плетеме јамка по јамка на овие територии. Меѓутоа, и овие напади не можат да му наштетат на нашето братство, напротив уште повеќе ќе ги зајакнат нашите врски.“

 



Слични вести