Алтун: Судбината на Турската Република Северен Кипар е судбина на Турција

Шефот на одделот за комуникации на престедателството Фахреттин Алтун на својот профил преку социјалната медија истакна дека судбината на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) е судбина на Турција

1628202
Алтун: Судбината на Турската Република Северен Кипар е судбина на Турција

Шефот на одделот за комуникации на престедателството Фахреттин Алтун објави соопштение на својот профил преку социјалната медија во врска со интервјуто на претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар што го даде за грчкиот весник „Катимерини“.

Алтун во ова свое соопштение истакна дека судбината на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) е судбина на Турција и го напиша следното: „Нашиот идеал е заеднички. Каузата на кипарските Турци е наша сопствена кауза. Како вчера, така и денеска и утре, со сета наша сила ќе стоиме покрај Турската Република Северен Кипар (ТРСК).“

Инаку, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар во даденото интервју за грчкиот весник „Катимерини“ истакна дека располагаат со мултилатерални заеднички интереси со Турција и го рече следното: „Турција е голема земја, Таа е гарантор, татковина, на оваа земја. Овде (во Турската Република Северен Кипар) има право на збор.“

 



Слични вести