Алтун: Не можат да се сокријат историските вистини во позадината на настаните од 1915 година

Фахреттин Алтун на својот профил преку социјалната мрежа истакна дека не можат да се сокријат вистините во позадината на настаните од 1915 година и дека тие можат да излезат на виделина само со наука, историја, право, дијалог и разговор

1628141
Алтун: Не можат да се сокријат историските вистини во позадината на настаните од 1915 година

Шефот на одделот за комуникации на престедателството Фахреттин Алтун во споделената објава на својот профил преку социјалната медија на англиски јазик, истакна дека не можат да се сокријат вистините во позадината на настаните од 1915 година и дека тие можат да излезат на виделина само со наука, историја, право, дијалог и разговор.

Алтун го напиша следното: „Ние секогаш сме подготвени да зборуваме за вистините во врска со настаните од 1915 година. Кога и каде ќе посакате. Бевме подготвени ѝ вчера, подготвени сме ѝ денеска, ќе бидеме подготвени ѝ утре.“ 

Фахреттин Алтун заедно со објавата сподели и видео под насловот „Вистините во позадината на 1915 година“ во кое велејќи дека ерменската дијаспора секоја година на 24 април врши притисок врз политичарите во светот за признавање на ерменските тврдења во врска со настаните од 1915 година, потсети дека во минатото и некои влади донесоа политички одлуки по ова прашање.

Во видеото се појаснува дека оној кој сака да разбере за настаните од 1915 година треба да ја истражува историјата и да го оддели она што е измислено од она што е вистина.

Освен тоа се потсетува дека Турција упати повик до меѓународните научници и историчарите да ги истражуваат османлиските архиви кои се отворени за истражување и им се одделува место на следните зборови на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган: „Ние ги отворивме архивите до крај. Еј Ерменци, ако имате архиви отворете ги и вие. Целиот свет, трети земји, ако имате отворете ги вашите архиви. Донесете да обезбедиме да работат надлежни во истражувањата на сите архиви. Потоа, за сето она што ќе произлезе од тоа, да зборуваме ние како политичари.“

Во споделеното видео се дава пораката „Историјата треба да се пишува од страна на историчарите кои ја бараат вистината. Не од страна на политичарите кои потпаѓаат под влијанието на активностите на лоби групите.“

Исто така се привлекува внимание и на следната изјава на 85. патријарх на Ерменците во Турција Сахак Машалјан: „Не растажува тоа што гледаме како болката на нашиот народ и светиот спомен на нашите предци од страна на некои земји се користат за дневни политички цели (се доведуваат во политичко средство). Тензиите коишто ги создава пренесувањето на ова прашање со децении на дневниот ред на парламентите, не се во услуга на зближувањето на двата народи.“

Во споделеното видео се подвлекува дека Турција нема да дозволи овие невистинити тврдење да влијаат на силните врски со нејзините ерменски граѓани, а воедно се истакнува дека Турција ќе продлжи да ги брани правата и верските слободи на ерменската заедница.

 



Слични вести