Во Лос Анџелес, во САД отворена „Изложба на дипломатите шехиди“ убиени од страна на ерменските терористи

Изложбата е посветена на турските дипломати кои и покрај заканите и нападите на ерменските терористички организации помеѓу 1973 и 1984 година не ги напуштија своите должности и положувајќи ги своите животи станаа шехиди (беа убиени)

1628043
Во Лос Анџелес, во САД отворена „Изложба на дипломатите шехиди“ убиени од страна на ерменските терористи
sehit diplomatlar sergisi los angeles.jpg
sehit diplomatlar sergisi los angeles1.jpg

Во Лос Анџелес во Соединетите Американски Држави (САД) е отворена „Изложба на дипломатите шехиди“, која е организирана во знак на сеќавање на турските дипломати кои станаа шехиди (беа убиени) во нападите на ерменските терористички организации.

Организатор на изложбата е Претседателството за комуникации при претседателскиот кабинет, а е отворена во Лос Анџелес, градот во кој ерменските терористички организации АСАЛА (ASALA) и ЈЦАГ (JCAG), ги извршија првите напади врз турските дипломати.

Изложбата посветена на турските дипломати кои и покрај заканите и нападите на ерменските терористички организации помеѓу 1973 и 1984 година не ги напуштија своите должности и положувајќи ги своите животи станаа шехиди (беа убиени), побуди голема заинтересираност.

Изложбата ја посетија генералниот конзул на Турција во Лос Анџелес Џан Огуз, генералниот конзул на Азербејџан во Лос Анџелес Несими Агаев, претставници од Пакистан и Сирија и голем број граѓани.

Генералниот конзул на Турција во Лос Анџелес Џан Огуз во говорот што го одржа овде, велејќи „Ние нив не ги забораваме никогаш, но за време на вакви денови повторно се сеќаваме на нивните спомени“, истакна дека средините кои говорат само за болките на ерменската страна поготово треба да ги слушнат животните приказни на турските дипломати кои станаа шехиди (беа убиени).  

Нагласувајќи дека никако не се прифаќа доживеаните болки во историјата да се искористуваат од трети земји како политичко средство, Џан Огуз рече дека ваквите одлуки ќе бидат причина за проблеми и денеска и во иднина.

Како што се истакнува планирано е „Изложбата на дипломатите шехиди“ којашто на 24 април е отворена и во Истанбул, во наредните недели да биде отворена и во главниот град на САД, Вашингтон и во Њујорк.

Изложбата во чии рамки со сите детали се раскажува за системските терористички напади и атентатите врз турските дипломати, се прикажуваат пред очите и активностите коишто ги презема Турција за обелоденување на настаните од 1915 година и изнесување на вистините на виделина.

Атентатот извршен од страна на еден Американец од ерменско потекло во 1973 година, во САД, во кој станаа шехиди (беа убиени) генералниот конзул на Турција во Лос Анџелес Мехмет Бајдар и на конзулот Бахадир Демир, беше почетокот на терористичките напади коишто беа реализирани организирано врз турските дипломати.

Во извршените напади од страна на ерменските терористички организации како АСАЛА (ASALA) и ЈЦАГ (JCAG) во 1970-тите години и потоа убиени се вкупно 77 лица меѓи кои се наоѓаат 58 турски државјани од кои 31 дипломат и членови на нивните семејства. Во нападите се ранети и голем број лица.

 



Слични вести