Турски воени авиони реализираа операција врз терористички цели на планината Кандил

Министерството за национална одбрана соопшти дека е реализирана воздушна операција врз четири утврдени терористички цели во подрачјето на планината Кандил на северот на Ирак

1627783
Турски воени авиони реализираа операција врз терористички цели на планината Кандил

Турските вооружени сили (ТВС) реализираа воздушна операција врз четири утврдени терористички цели во подрачјето на планината Кандил во северниот дел на Ирак.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека продолжуваат според планираното операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ коишто се реализираат во областите Метина и Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак.

Во соопштението воедно се вели дека со реализирана воздушна операција се погодени и четири утврдени терористички цели во подрачјето на планината Кандил.



Слични вести