Реакција од Турскиот совет на изјавата на Бајден во врска со настаните од 1915 година

Генералниот секретар на Турскиот совет Багдад Амреев воопшти дека ја осудува изјавата на американскиот претседател во врска со настаните од 1915 година

1627889
Реакција од Турскиот совет на изјавата на Бајден во врска со настаните од 1915 година

Генералниот секретар на Турскиот совет Багдад Амреев воопшти дека ја осудува изјавата на американскиот претседател Џо Бајден во врска со настаните од 1915 година.

Алиев во објавеното писмено соопштение истакна дека чувствува големо жалење од изјавата на Бајден во врска со настаните од 1915 година којашто и покрај историските вистини носи политички мотиви и тоа по цена и на наштетување на надежите за соработка и стабилност во регионот.

Велејќи дека земјите и народите без историска, научна и правна потпора не треба да бидат осудувани и прогласени за виновни од страна на парламентите или управите на другите земји со политички цели, Амреев го изјави следното: „Спротивно на тоа, настаните од 1915 година треба да се истражуваат на транспарентен и праведен начин земајќи ги во предвид меѓународното право и релевантните меѓународни документи.“

Амреев истакна дека доведувањето во својство на оружје на искривените историски тврдења насочени против една друга земја ќе биде во прилог само на оние кои сакаат да ги разгорат омразата, одмаздата и чувствата на непријателство меѓу општествата, а воедно ја изнесе следната констатација: „Ја осудувам изјавата на претседателот на САД и верувам дека оштетувањето на историјата и искористувањето на тоа за политички притисок со политички цели или со обиди за 'повторно пишување на истотијата' ќе доведе до поголема поларизација меѓу земјите и народите и ќе ги спречи мирот и стабилноста во нашиот регион.“

Во тој контекст, служи за пофалба иницијативата на Турција за формирање на Заедничка историска комисија за истражување на настаните од 1915 година од страна на историчарите, како и отворањето на своите архиви со таа цел, истакна претседателот на Турскиот совет Багдад Амреев и нагласи дека тоа претставува конструктивен приод и показател за добра волја за сите оние кои сакаат да бидат изнесени на светлината на денот историските вистини и да изградат праведна меморија.

 



Слични вести