Ердоган: „Нема да дозволиме да се заборави примерниот соживот на Турците и Ерменците“

Она што не држи заедно е искрената посветеност кон истата земја, истите вредности, високите идеали

1627638
Ердоган: „Нема да дозволиме да се заборави примерниот соживот на Турците и Ерменците“

Претседателот Реџеп Таип Ердоган рече: „Не можеме да дозволиме да се заборави вековната култура на соживот на Турците и Ерменците“. кажа.

Претседателот Ердоган, му испрати порака на ерменскиот патријарх во Турција Сахак Машалијан.

Ердоган во пораката ги поздрави Машалијан и драгоцените членови на ерменската заедница и рече: „Јас со почит се сеќавам на Отоманските Ерменци кои своите животи ги загубија во тешките услови на Првата светска војна и на нивните внуци им изразувам сочувство“.

Нагласувајќи дека секој, без оглед на етничкото потекло, вера, јазик и боја, е член на човечкото семејство, Ердоган рече: „Со векови живееме заедно во мир на овие територии, наоѓаме мир под сенката на нашето знаме со полумесечина и ѕвезда.

Она што нè држи заедно во иста земја, не се ниту интересите ниту сметките; она што не држи заедно е искрената посветеност кон истата земја, истите вредности, високите идеали. Да се биде еднаков, слободен и чесен граѓанин на Република Турција е гордост за сите нас. Покрај придонесот на ерменската заедница во архитектурата, музиката и уметноста, нашата заедничка култура е збогатена и развиена со знаењето и напорната работа како и едуцирањето на голем број лекари, инженери, адвокати, деловни луѓе и професионалци. Нема да дозволиме да се заборави примерниот соживот на Турците и Ерменците. Бескорисно беше политизирањето на дискусиите за темите и прашањата од трети страни, а кои што требаше да ги прават историчарите, бидејќи претворањето на истите во алатка за интервенција против нашата земја не беше во ничија корист. Верувам дека е голема неправда за новите генерации, нашиот идентитет да го градат само на болките што ги остави минатото во нашите души.

Како Турци и Ерменци, сега треба да покажеме дека ја достигнавме зрелоста заедно да ги надминеме сите пречки.

Споделувањето на радоста, страдањата, извлекувањето на вистинските поуки од историјата, изградбата на подобра и посветла заедничка иднина е во наши раце. Турција ќе продолжи да ги исполнува своите одговорности во однос на ова прашање. Им благодарам на ерменските граѓани, кои се неразделен и составен дел дел од нашата нација, за пријателската поддршка во оваа борба“ рече претседателот Ердоган.



Слични вести